Љубителите на Angry Birds кои не можат да се одлепат од Facebook имаат причина да бидат задоволни, бидејќи ултра популарната игра конечно ќе добие Facebook апликација.
Angry Birds за Facebook е слична со оригиналната мобилна верзија, но тука има друштвени компоненти и ексклузивни нови нивоа. Благодарение на друштвеноста која ја нуди Facebook, корисниците на Angry Birds сега ќе може да се натпреваруваат со своите пријатели и да освојуваат златни, сребрени и бронзени круни на секое ниво.
Facebook верзијата на Angry Birds исто така вклучува и четири нови оружја, за подобро нишанење, за поголема сила и висина, за зголемување на птиците, како и земјотрес кој ја руши одбраната на малите свинчиња.
Во наредните неколку недели ќе бидат претставени нови опции, изјавуваат од Rovio, компанијата одговорна за Angry Birds.