Познатата продавница за дигитални игри, Direct2Drive, се продаде, а резултатот е промена на името и редизајн на изгледот. Доколку пробате да ја посетите адресата, ќе бидете препратени на официјалната страна на
Gamefly. Новата продавница ги префрли Direct2Drive сметките и сите игри, кои ги купивте преку D2D, и понатаму ќе можат неограничено да се преземаат.
До неодамна, Direct2Drive беше најголемата конкуренција на Steam. Нудејќи пристапни цени, во три различни валути и со длабоки попусти, продавницата привлече огромен број муштерии.
И потоа почна да оди на полошо.
Direct2Drive почна да продава игри во зависност од регионот во кој се наоѓате; за Македонија и за многу други земји, 30% од игрите станаа недостапни (значително зголемување на процентот пред географските рестрикции), а сите игри почнаа да се продаваат во фунти. Поради тоа, ако некоја игра можевме да ја купиме за 1,99 долари, или 85 денари, со ограничувањата истата игра нам ни се продаваше за 1,99 фунти или 145 денари, што е значително поскапување кое американците воопшто не го почувствуваа.
Со текот на времето, продавницата престана и да нуди длабоки попусти и многу ретко можевме да наидеме на игра со 75% попуст, а кога ќе налетавме на играта често не можевме да ја купиме поради наметнатите ограничувања. Сево ова направи да ни е мило кога слушнавме дека Gamefly ги презема уздите. Одевме толку далеку да очекувавме и големи попусти.
Добивме ништо. Можеби уште е рано?