Стратегија: Command and Conquer
Малкумина знаат дека играта која ја разгоре љубовта кон стратешките планирања, градење армии и освојувања е бесплатна.
Command & Conquer e нирвана за ретро фановите, а може да биде ваша преку следниот
линк. Погрижете се да ги прочитате инструкциите за нејзина исталација.
Акција во отворен свет: Grand Theft Auto
San Adreas и GTA IV сеуште се играат. Додека сте во исчекување на петката вратете се назат во времето и погледнете на што се должи успехот на моментните игри.
Лоша графика, уште полоши контроли и многу малку материјал за да го задржи вниманието на модерниот гејмер. Сепак, нешто во играта и понатаму ќе ве поканува да се провозите низ нејзините улици.
Преземете ја играта од
официјалниот сајт, а кога сте таму, наградете се со бесплатната верзија и на GTA 2 и Wild Metal.
Симулација: Minotaur China Shop
Има нешто прималиво во управување со продавница со керамички продукти, особено доколку сте Минотаур.... се додека не скршите нешто и не ве преовлада бесот
Мислите дека можете да го издржите притисокот? Ставете се во копитата на минотаурот и видете дека даноците и фискалните сметки се најмалиот проблем.