Прочитано 347 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Што да играте за викендoт?


Мултиплеерот за Call of Duty: Modern Warfare 3 е бесплатен до Понеделник навечер, а целата игра се продава со 33% попуст.  Се гледаме зад непријателските линии... или можеби не, за тимот на Ентер кружат гласини дека сме последното нешто што не се гледа. :)
 
 
 
 
На сите љубители на акциони RPG игри им го препорачуваме демото за Mass Effect 3. Играта ќе понуди околу 2 часа забава во кампањата и мултиплеерот. Прочитајте повеќе тука.
 
 
 
Вчера навечер конечно излезе Alan Wake за PC и се продава како нормална едиција или колекционерска (коментаторски видео материјали, илустрациона pdf книга и soundtrack). И двете верзии доаѓаат со специјалните епизоди "The Signal" и "The Writer" за цена која е навистина ниска, особено кога ќе се земе во предвид дека ова е чистокрвен ААА наслов (еден вид извинување од авторите што толку чекавме за PC верзијата).
 
 
Alan Wake е невообичаен шутер во трето лице, каде буквално ја користите светлината за да се бoрите против непријателите. Осмислена од тимот кој ни ги донесе првите Max Payne игри, лесно ќе бидете вовлечени во можеби еден од најдобрите психолошки трилери. Следи детална рецензија по таа за Kingdoms of Amalur: Reckoning.
 
Од друга страна, доколку барате навистина интересна инди игра, со длабоки RPG елементи, стотици комбинации со магии и непресушен шведски хумор, ви ја препорачуваме Magicka, и пропратните додатоци. За само 24 часа (понудата истекува вечер, по 19:00 ласот) Steam ја продава играта за смешни 150 денари, а за нешто помалку од 400 денари ќе ги добиете сите 13 додатоци. 
 
 
 
Сакате да пробате некоја од најновите бесплатни игри? Прочитајте за нашите предлози тука
 
Имајте убав, гејмерско-исполнителен викенд!  :)  

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник