Lord of the Rings: War in the North е акциона RPG игра која се труди да го извлече најдоброто од жанрот. Резултатот е hack and slash акција од епски размери.
Војната на северот
War in the North ги покрива настаните во северот, паралелно со настаните прикажани во трилогијата на Питер Џексон. Играјќи со една од три уникатни класи (ranger, dwarf или elf) се сретнувате со легендарниот Арагорн, Гандалф и Фродо, но само за да чуете за нивниот напредок. Вашата цел, меѓутоа, е да ја сопрете десната рака на Саурон и огромната војска која ја загрозува иднината на слободниот народ. Приказната е долга, впечатлива и одлично одглумена. Патот ќе ве одведе низ најразлични врнежливи, магловити и снежни места од кои застанува здивот, а бројните ликови, како џиновскиот орел, често ќе знаат пријатно да ве изненадат со незаборавни меѓу-секвенци.
Акција пред се!
Ко-оп кампањата е прилагодена за играње со уште двајца пријатели, а уникатноста на класите и бројните RPG елементи пружаат солидни можности за преигрување. Пример, ренџерот може да користи, лак и стрела, едно големо или мало ладно оружје (во комбинација со штит), или две ладни оружја. Во зависност од оружјата, соодветно отворате уникатни способности како вртење во 360 степени и рамномерно нанесување штета на сите непријатели во близина. Доколку користите лак и стрела, можете да ја зголемувате брзината на повлекување стрела, ефикасноста при судир и слично. Изведбата е флуидна и мелем за очи, особено крвавите ликвидации поради кои играта се препорачува на постарите гејмери.
На одредени оружја и опрема можете да ја зголемите ефикасноста со магични камења, а потребно е да внимавате на степенот на оштетеноста и да извршувате поправки од време на време. Ова, меѓутоа, не ја прави War in the North комплексна RPG игра. Прво, играта е линеарна и во приказната и во местата кои ги посетувате. Движењето низ преубавите локации е ограничено и не постојат ни најмали шанси дека ќе се изгубите во претражувањето. Всушност, не ни постојат шанси за истражување, се се сведува на преминување од точка А до точка Б, убивање на она што ќе се испречи, притоа собирајќи искуство и опрема. Тоа не е лоша работа, War in the North е акциона авантура и, како таква, одлично функционира. Доколку сте по hack-and-slash игри со разблажени RPG елементи играта ќе знае како да ве награди низ 18 часовната кампања, но немојте да очекувате комплексно искуство како во DAO Origins.
Зошто да ја играте?
Lord of the Rings: War in the North е линеарна игра, но исклучително забавна линеарна игра, со привлечна графика, интригантна приказна и долга ко-оп кампања. Не е Skyrim, но е солиден ААА и еден од подобрите игри за кооперативно напредување.
Lord of the Rings: War in the North - 68 Metascore оценка
жанр: Акција-RPG
автори: Snowblind Studios
издавач: Warner Bros. Interactive Entertainment
Оцена: 8.25
Приказна: 8
Гејмплеј: 8
Графика: 9
Звук и музика: 8