Battlemass - turn-based стратешка игра за мрежно играње. Градите различни градови и тренирате војска која ќе ги брани вашите знаменитости, а уништува противничките.
Naev - Оваа акциона игра, сместена во вселенските пространства, отвара можности за истражување, трговија и динамични пресметки каде се води сметка на дипломатијата и доградби на вселенските бродови и опрема.
Zombie Grinder - Доколку сте желни за кооперативна игра со различни режими на играње, каде се дружите со неодоливите секогаш-гладни дебилчиња, Zombie Grinder е солиден избор, особено за ретро фановите.
Bullet Train - Симпатичен шутер во прво лице каде браните воз од различни пустински суштества. Кај секоја станица купувате нови оружја и одбрамбени направи. Одлична цена за инстантна викенд забава!
Noxious - Солиден шутер во трето лице со застарена графика и подпросечна приказна/ глума. Пружете му шанса, вреди за неколку-часовна забава.
Барате поквалитетни игри за викендов? Погледнете ги нашите други
предлози.