Најава: Kingdoms of Amalur: Reckoning жанр: RPG, Акција, Авантура, отворен свет
автори: Big Huge Games, 38 Studios
издавач: 38 Studios, ЕА
излегува: 07 Фебруари
Слични игри: Skyrim, Fable, Dragon Age 2

Комплексен гејмплеј со впечатливи пресметки, длабока, добро одглумена приказна и графичко-исполнителни ликвидации. Kingdoms of Amalur: Reckoning е игра во која има од сè по нешто
---
Приказна: Играта се одвива во универзум произлезен од перото на R.A. Salvatore - еден од најдобрите писатели на фантазија. Неговите серијали, како The Demon Wars Saga, или Forgotten Realms книгите со години наназад се задолжителни лектири помеѓу следбениците на овој жанр. Kingdoms of Amalur: Reckoning е негова долгогодишна визија и како таква му дозволува целосно да ја ослободи преповедачката моќ. Во свет каде сè е можно, смртта е само точка на транзиција, место од кое се издигнувате како воин, стрелец или магионичар низ кралствата на Амалур.
Откако ќе ви биде пружена втора шанса и повторно ќе оживеете, Амалур ќе ви ги отвори портите на пет огромни региони, со серии од навидум непресушни примарни и секундарни задачи. Повеќе за приказната во нашата мега рецензија.
Гејмплеј: Kingdoms of Amalur: Reckoning е RPG игра со акциони моменти. Тоа не значи дека играта се игра премногу различно од џиновите како Skyrim или серијалот Fable, некои од луѓето кои работеле на овие игри ги имаат вмешано прстите и во изработката на Амалур. Но секоја споредба со некоја друга игра треба само да пружи бледа представа, највеќе затоа што во Kingdoms of Amalur бие уникатен гејмплеј, со одредени елементи кои нема да ги најдете во останатите игри.
Избирате четири раси, односно три класи и го следите патот на мечот, лакот и стрелата, магиите или од сè по нешто. Амалур ви дозволува да отклучите многу способности за вашиот лик и воопшто не се скржави при доделувањето на искуствените поени. Во моментот кога ќе го зголемите нивото, ги надградувате способностите, како алхемија, убедување или прикрадување или пак отклучувате скриени потенцијали во три содржителни оддели, чии имиња се Sorcery, Might или Finesse.
Повеќето од способностите ја имаат онаа Fable жичка, на одредени изведби, како ликвидациите во успорено време, се уникатни за играта и пружаат неверојатно задоволство. Како ви се допаѓа напад во кој го кревате непријателот со две сечила, а го довршувате со лак и стрела, уште пред да се струполи на подот? Да не ни зборуваме за бројните карти кои се отклучуваат во зависност од претходно отклучените моќи, карти кои го дефинираат ликот и зборуваат за неговата судбина. Комплексно колку и што сме криптични во овој поглед.
Графика и звук: Од демото забележавме дека играта не бара премногу јака конфигурација за да ви ја прикаже импресивната флора и фауна на Амалур. Анимациите се веродостојни, особено специјалните ефекти, но истото не можеме да го кажеме за одредени текстури, како тие на лицата. Амалур е прекрасна игра, но енџинот нема да може целосно да ги задоволи гејмерите кои станаа зависни од неспоредливата убавина на
Skyrim. Вреди да се спомене дека професионални актери го позајмуваат гласот на ликовите и вистинско уживање е да ги слушате како доаѓаат до моментот кога треба да ви биде понудена задачата.
Екстра инфо: Сите сопственици на нови копии добиваат бесплатно DLC насловено како DAY 1 DLC, Активирајте ја вашата копија на 7 февруари и добијте го квестот со име House of Valor faction quest.
Од друга страна, доколку го одиграте демото, ќе ви се отклучи ексклузивна опрема и оружје за играта, како и оклоп и оружје за Mass Effect 3. Повеќе детали ќе најдете
тука.