Прочитано 221 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Мини рецензија: Shank 2

Мини рецензија: Shank 2 
жанр: 2D Акција
автори: Klei Entertainment
издавач: Electronic Arts
 
 
 
Уникатниот дводимензионален продолжеток не воведува драстични промени од оригиналот, но е значително подобрување во сите аспекти. Ова не е игра која ќе ви се допадне поради приказната туку поради уметничкиот графички стил и впечатливи комбо изведби. Подобрениот Shank е побрз и побрутален од кога било, се со цел да обезбеди визуелно-поисполнителни ликвидации. 
 
 
Непријателите се попаметни и тактички се поставуваат во зависност од околината и често морате да применувате различни тактики за различни непријатели. Слично на ова, супериорните противници се уникатни и бараат да ги проучувате нивните напади, да барате слаби точки и да ги темпирате офанзивните комбо движења. 
 
 
Покрај срамотно кратката кампања за еден играч (неколку часови), имате кооперативен режим на играње во survival форма каде вие и уште еден пријател се спротиставувате на различни мапи и со 30 бранови од различни непријатели. Знае да биде тешко, но и неверојатно исполнително, бидејќи гејмплејот никогаш не прави зомби од вас, туку постојано ве турка и бара да импровизирате со движењата и да внимавате на околината. 
 
 
 
Оцена: 7.5
Приказна: 6
Гејмплеј: 8
Графика: 8
Звук и музика: 8 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник