Од неодамна, демото за Mass Effect 3 може да се
преземе од продавницата Origin. Во демото ќе најдете тони содржина и ќе добиете подобра представа за тоа што би ве очекувало во крајот од трилогијата, кој треба да се појави на 9 Март.
Кампањата за еден играч е поделена на два дела, при што Bioware првин ќе ве запознаат со трогателната приказна, а потоа ќе ве фрлат во адреналински битки и ќе ви дозволат да користите различни способности, координација на тимот и поставување во зависност од околината. Многу може да се извлече од демото, особено доколку играте првин со машкиот, а потоа со женскиот Шепард.
Покрај ова, имате на располагање и мрежно играње кое моментно е достапно само на гејмерите кои ја имаат купено Battlefield 3. Останатите смртници ќе мора да се стрпат до викендот, најверојатно Петок навечер.