Според
IGN, најновиот Xbox модел ќе биде достапен наредната година на крајот од октомври, почетокот на ноември, и ќе биде шест пати помоќен од моделот Xbox 360.
Според изворите на IGN, производството на Xbox 720 ќе започне на крајот од 2012. Новата Xbox конзола, наместо AMD 7000, ќе користи AMD 6000 процесор, серија која се појави минатата недела. Овој процесор ќе биде компатибилен со Radeon HD 6670, графичка картичка која нуди поддршка за DirectX11, 3D, како и 1080 HD.
Графичката моќ на Xbox 720 ќе биде шест пати поголема од онаа на Xbox 360 и ќе има 20 отсто подобри перформанси од новата конзола на Nintentdo, Wii U.
Конечната цена на новата конзола ќе биде дополнително откриена.