Прочитано 224 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Wii U пристигнува на крајот од 2012

Според претседателот на Nintendo, Сатору Ивата, јапонската компанија ќе ја пушти во продажба својата најнова играчка конзола Wii U на крајот од оваа година за време на новогодишните празници. Wii U најпрво ќе се појави во Европа, САД, Австралија и Јапонија.

Оваа конзола е можеби последната шанса за Nintendo да се врати на пазарот на игри и играчки конзоли. Минатата година беше прилично лоша за јапонскиот гигант кој според финансискиот извештај во 2011 година има загуба од 835 милиони долари.

Nintendo проценуваше дека од април 2011 до март 2012 ќе продаде 16 милиони 3DS конзоли, меѓутоа реалноста е дека јапонската компанија ќе мора да се задоволи со најмногу 14 милиони продадени 3DS конзоли. Истото важи и за Wii, проценката беше 12 милиони продадени конзоли, меѓутоа реалната бројка ќе биде 10 милиони.
 
 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник