Прочитано 179 пати
0 коментари
15.02.2012 20:31
SS дискови од GeIL на CeBIT
Компанијата GeIL, позната по мемориските модули сега го шири своето работење и со SSD решенија.
GeIL на CeBIT ќе ги претстави своите први лини на SSD решенија наречени Zenith S2 и Zenith S3.
Линијата Zenith S2 со својата цена и перформанси ќе биде прилагодена кон помалку „апетитните“ корисници, а почетната понуда ја сочинуваат два модела со капацитети од 60 и 120 GB, опремени со SATA 3 Gbps интерфејс. Брзините на читање и запишување на податоците се 280 и 270 MB/s.
Побрзите уреди се вклучени во линијата Zenith S3 – за сега во план се модели со капацитет од 60, 120, 240 и 480 GB, a имаат и побрз SATA 6 Gbps интерфејс од Sandforce серијата SF-2000.
Цените се уште не се познати, а официјалното нивно претставување закажано е на годинешниов CeBIT кој традиционално се одржува во Хановер, на почетокот од март.