Прочитано 158 пати
0 коментари
01.12.2011 11:30
Samsung го претстави новиот процесор за мобилни уреди
Samsung ја претстави следната генерација на Exynos процесорот кој ќе биде наменет за мобилни уреди и ќе претставува јака конкуренција на Tegra 3, процесорот од Nvidia.
Samsung Exynos 5250 е процесор со две Cortex-A15 јадра (2,0 GHz) и има двојно појаки перформанси од процесорите со две Cortex-A9 јадра. Exynos 5250 е првиот процесор за мобилни уреди кој достигнува 2,0 GHz.
Exynos 5250 има четири пати подобри графички перформанси од постарите Cortex-A9 процесори, и поддржува стереоскопски 3D како и резолуции до 2560 x 1600. Exynos 5250 се произведува со 32 нанометарскиот процес на Samsung.
Nvidia Tegra 3 има четири јадра, меѓутоа Tegra 3 користи Cortex-A9 јадра кои достигаат брзина на такт до 1,3 GHz во режим со повеќе јадра, и 1,4 GHz во режим со едно јадро.