Прочитано 125 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Nintendo 3DS конечно оди како алва

Nintendo 3DS, рачната конзола со 3D екран за која не е потребно да користите очила забележува рекордни резултати од продажбата во Јапонија.

Ниту една конзола во Јапонија не е продадена во 5 милиони примероци за толку малку време – за таков „потфат“ на неговиот претходник Nintendo DS му требалe 2 месеци повеќе.

За добрата продажба клучна улога одиграла добрата стратегија. По лошата стартна продажба од 25.000 јени, односно 250 долари во САД, цената на крајот на летото е спуштена на 15.000 јени или 150 долари во САД, а продажбата дополнително ја подобрила и лансирањето на најочекуваните наслови како што се Super Mario 3D Land, Monster Hunter 3 и Mario Kart 7.

Сепак, ова за Nintendo сега за сега е пирова победа бидејќи челниците од компанијата за прв пат во историјата најавиле оперативни загуби, за кои веројатно е заслужна намалената и негативна маржа при продажбата на Nintendo 3DS. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник