Прочитано 150 пати
0 коментари
13.02.2012 12:16
Наскоро Cape Verde
Објавени се официјалните спецификации за новите графички чипови од AMD, Cape Verde кои ќе бидат основата на серијата Radeon HD 7700.
Наведениот чип моментално ќе биде и најефтиното издание од 28-нанометарската GCN архитектура со вкупно 1,5 милијарди транзистори, а ќе се наоѓа во графичките картички Radeon HD 7750 и 7770.
Поефтиниот Radeon HD 7750 и 8 активни CU единици и вкупно 512 stream процесори, 128-битна мемориска собирница и 1 GB GDDR5 видео меморија. Тактовите на GPU-то и меморијата изнесуваат 800 MHz и 4,5 GHz, додека теоретските single-precision перформанси изнесуваат 819 гигафлопси. Ниската потрошувачка од 55 W значи дека не се потребни дополнителни напонски конектори.
Помоќниот Radeon HD 7770 има 10 активни CU единици со вкупно 640 stream процесори со значајно повисоки тактови, GPU-то работи на 1 GHz, а меморијата останува да „чука“ со 4,5 GHz. Потрошувачката се движи некаде околу 80 W, додека перформансите на моделот HD 7770 според неофицијалните тестови се некаде рамо до рамо со Radeon HD 6850. И двата чипа имаат 40 текстурни и 16 ROP единици.
Очекуваните цени се движат од 90 до 100 долари за Radeon HD 7750 и околу 115 евра за HD 7770 моделот, а нивната продажба би требало да започне овој месец.