Со поплавите во Тајван, хард дисковите некако мистериозно ги снема од нашиот пазар, а на тие што сепак успеваат да стигнат до нас цените вртоглаво им се зголемија . Сепак, имаме фино и ефтино решение за вас. Надворешен хард диск од Western Digital со капатитет од 2TB за само 7680 денари.
Хард дискот е од ултра познатата и широкоприфатена Elements серија, што значи дека е „голем“ 3,5 инчи, а максималниот трансфер на податоци изнесува 60 МB/s. Совршено решение за ладната зима, за вашата огромна колекција на филмови, музика и фотографии, или едноставно за вашиот плиток џеб, кој нема да може да си дозволи скапи хардови барем уште година дена. Така барем прогнозираат светските аналитичари.
Овој хард диск може да го најдете во
Анхоч.