Прочитано 154 пати
0 коментари
02.12.2011 22:25
mSATA SSD дискови од Samsung
Компанијата Samsung објави масовно производство на новите mSATA SSD дискови наменети за ултрабук компјутерите.
Овие дискови донесуваат поддршка за Mini-Serial ATA (mSATA) интерфејсот, имаат димензии од 50,95 х 30 х 3,8 милиметри и тешки се само 8 грами. Ги користат напреднатите 22 nm NAND flash мемориски чипови од Samsung, тука е и SATA 6 GB/s контролерот, исто така базиран на технологија од Samsung, a новиот mSATA SSD нуди секвенционална брзина на читање и пишување на податоци од 500 МB/s, односно 260 МB/s. Да не ја заборавиме и 265-битната АЕS енкрипција за заштита на податоците во случај на кражба или губење на компјутерот.
mSATA SSD дисковите ќе бидат достапни во 256 GB, 128 GB и 64 GB варијанти, а цената уште не е позната.