Прочитано 286 пати 0 коментари
First category (entire audience)

LG го претстави најтенкиот телевизор во светот

LG Display, ќерка компанија на LG, објави дека го има направено најголемиот и најтенкиот OLED телевизор во светот. Станува збор за ултратенок телевизор кој има 55 инчен екран и дебелина од само 5 милиметри.

Овој неверојатен производ својата премиера ќе ја има на долго очекуваната конференција CES, која ќе се одржи наредниот месец во Лас Вегас. LG исто така најавија дека цената на овој производ нема да биде многу висока, и дека обичните смртници ќе можат да си го дозволат.

OLED технологијата овозможува екран со далеку почиста ултра дефиниција, прикажувајќи повеќе бои од стандардното LCD. OLED технологијата до сега беше ограничена на мали екрани, и многу високи цени. Според LG Display, нивниот 55 инчен телевизор ќе ја смени оваа ситуација.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник