Тајванските произведувачи на персонални компјутери имаат откриено дека Intel на 8 април планира да пушти во продажба 25 модели на својот најнов 22nm Ivy Bridge процесор, пренесува
DigiTimes.
Во најавените 25 модели влучени се 17 процесори за десктоп компјутери и 8 процесори за лаптоп и ултрабук компјутери.
Процесорите наменети за десктоп компјутерите се: квад кор Core i7-3770K, 3770, 3770S, 3770T, и Core i5-3570, 3550 и 3450. Цените на овие модели ќе варираат од 184 до 332 долари.
Процесорите наменети за лаптопи се моделите Core i7-3920Qm, 3820QM и 3720QM, по цена од 1,096, 568 и 378 долари, додека останатите модели се Core i5-3520M, 3360M, 3320M.
Процесорите за ултрабук компјутерите се моделите Core i7-3667U и Core i5-3427U. Овие модели ќе бидат подоцна пуштени во продажба.