Прочитано 214 пати
0 коментари
22.02.2012 11:11
AMD Pitcairn во март
Од AMD ја пополнуваат својата понуда на графички картички од новата генерација базирани на GCN архитектурата.
По high-end моделите со графичките процесори Tahiti и верзиите со Cape Verde чиповите за долниот дел од пазарот, компанијата наскоро претставува и прилично моќни графички картички за средниот сегмент од пазарот.
Се работи за Radeon HD 7850 и 7870 базирани на графичкиот процесор наречен Pitcairn. AMD Radeon HD 7850 моделите ќе доаѓаат во верзии со 1 или 2 GB GDDR5 меморија, а графичкиот процесор има 1.280 stream процесори (80 текстурни и 24 ROP единици), 256-битна мемориска собирница и тактови од 900 MHz за GPU-то и ефективни 5 GHz за меморијата, барем на референтните модели.
Помоќниот Radeon HD 7870 има GPU со такт од 950 MHz со 1.408 stream процесори од кои 88 се текстурни а 24 се ROP единици. Ќе поседува и 2 GB GDDR5 видео меморија со ефективен такт од 5,5 GHz, исто така со 256-битна собирница.
Најверојатно е дека ќе биде претставена и уште една картичка, Radeon HD 7890, која ќе биде базирана на ослабена верзија на Tahiti, познат по моделите 7950 и 7970.
Сите графички картички се очекуваат да бидат претставени во март.