ПОЧЕТНА ЕНТЕР ЕМИСИЈА ЕНТЕР СПИСАНИЕ ЕНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ КОНТАКТ
 
Емисија 244
 

Што сè нуди новиот слајдер-телефон - Sony Ericsson C905?

Како да направите сопствена тема за Windows XP?

Зошто Clear Sky е понеизвесен, поопасен, пореален од првиот S.T.A.L.K.E.R?;
ОД ПРЕТХОДНАТА ЕНТЕР ЕМИСИЈА

Прес центар:WCG Finals Keln, Germany
Емисија: 244
20-11-2008

Во Келн, Германија, заврши најголемиот глобален турнир, Олимпијадата во е-спортови – World Cyber Games 2008. Македонија и оваа година испрати своја репрезентација, па со поддршка на Мајкрософт и Самсунг, а во организација на сајбер-клубот ЕНТЕРНЕТ, бевме дел од светската е-спорт елита. Следуваат нашите импресии! Видео По повод започнувањето на натпреварите се одржа традиционалната церемонија, а беа прикажани знамињата на сите земји-учеснички. Видео Годинава, по четврти пат, најдобрите македонски гејмери, кои се изборија за местото во репрезентацијата, со сите сили ги бранеа националните бои. Иако сме далеку од развиените земји, како и во другите спортови, овојпат барем малку покажавме заби. Видео Крајот беше најубав за најдобрите е-спортисти, а најмногу причини за славење и медали во рацете и овојпат имаа натпреварувачите од Јужна Кореја. Видео Сега, накусо, ќе направиме споредба помеѓу физичките спортови и е-спортот, од многумина сè уште третиран само како забава. Ќе се изненадите од тоа колку сличности имаат. Мора да се согласиме, тешко е да се развива нова култура во 21. век, но ЕНТЕРНЕТ е еден од пионерите на е-спортот во Македонија и ќе продолжи во таа насока.Видео Олимпијадата заврши со свечена церемонија и чинот на предавање на знамето на новиот домаќин на World Cyber Games во 2009 година, градот Ченгду во Кина. Видео

Читај повеќе...

(c) Copyright ЕНТЕР 2007, All rights reserved