Македонски Албански
Вулканот ги поттикна видеоконференциите
26-04-2010
Проблемите во авионскиот сообраќај, предизвикани од ерупцијата на вулканот на Исланд, поттикнаа ненадеен процут на индустријата поврзана со видеоконференциите

Според тврдењата на претставниците од Cisco, иако сеуште ги немаат целосните податоци за продажбата, практично е невозможно да се закупи простор во која било од нивните демонстрациски соби за видеоконференции. Слични информации доаѓаат и од други компании кои нудат решенија во овој технолошки сегмент, нагласувајќи дека проблемите во авионскиот сообраќај ги поттикнаа компаниите повеќе да размислуваат за предностите што ги нудат видеоконференциите. Cisco неодамна стана најголемиот произведувач на опрема за видеоконференции откако ја надмина норвершката компанија Tandberg.

Bookmark and Share
Назад...