Македонски Албански
Архива на Polaroid во музејот на MIT
06-05-2010
Наскоро, престижниот Massachusetts Institute of Technology (MIT), во својот музејски простор, ќе ја изложи комплетната архива на фотоапарати и опрема од Polaroid.

Компанијата PLR IP Holdings, сопственик на брендот Polaroid, одлучи да му донира на музејот на MIT прилично импресивна колекција на фотоапарати и додатоци за фотоапарати од Polaroid, која ја сочинуваат околу 10 илјади различни предмети. Во збирката се наоѓаат апсолутно сите модели на фотоапарати од оваа компанија, па и легeндарниот Polaroid Model 95, како и разни додатоци – филтри, блицови, торби за фотоапарати и друга опрема. MIT планира да претстави дел од оваа колекција веќе во текот на јуни.

Bookmark and Share
Назад...