Македонски Албански
Детали за Firefox 4
12-05-2010
Mozilla објави детали поврзани со доаѓачката верзија на својот интернет прелистувач. Во прв план е брзината.

Директорот за развој на Firefox во Mozilla ги објави целите кои компанијата си ги поставила при развојот на новата верзија на интернет прелистувачот. Новиот Firefox ќе биде далеку побрз отколку моментно достапната верзија, тврдат во Mozilla. Истотака, освежувања ќе има и во интерфејсот, па прелистувачот ќе се одликува со „почист“ дизајн кој ќе овозможи поедноставна и побрза навигација. Ќе се воведе можноста за инсталација на add-on-и без потреба од повторно стартување на прелистувачот, можност за back up на податоците наречена Firefox Sync, како и нов менаџер за профили.
Првото издание на новиот Firefox ќе го здогледа светлото на денот во текот на ноември, а првата бета верзија се очекува кон крајот на јуни.

Bookmark and Share
Назад...