|
HP ги надмина очекувањата пријавувајќи приходи за својот втор фискален квартал поголеми за 13% отколку во истиот период една година порано. Приходите на компанијата, во кварталот кој завршува на 30 април, пораснале на 30,8 милијарди долари, додека очекувањата на аналитичарите биле помеѓу 29,51 и 30,22 милијарди долари. Оперативниот профит на компанијата пораснал за 25 проценти, на 2,9 милијарди долари. Коментирајќи ги овие резултати, Mark Hurd, CEO во компанијата, го нагласил своето уверување во понатамошниот раст на HP во тековниот и наредните квартали. За тековниот квартал, во компанијата предвидуваат приходи помеѓу 29,7 и 30 милијарди долари. |