Македонски Албански
Поедноставни поставки за приватност
27-05-2010
Од Facebook одговорија на критиките и најавија значајни промени во поставките за приватност, кои треба да бидат поедноставни и појасни.

Како што растеше, така Facebook стануваше покомплициран, а корисниците најмногу ги загрижуваа поставките за приватност кои станаа речиси невозможни за нагодување. За да ги заштитат своите профили, корисниците мораа да нагодат 50 различни поставки со вкупно 170 различни опции. Промените донесуваат значително поедноставување, па корисниците ќе можат во само неколку кликови да одредат што и колку ќе споделат со светот, но „старите“ поставки им остануваат на располагање доколку сакаат подетален увид. Промени и поедноставувања се воведуваат и на фан страниците, а апликациите од „трети страни“ кои сакаат да ги користат корисничките податоци ќе бидат приморани да побараат одобрување. Сите детали на за новите поставки, кои ќе допрва ќе бидат имплементирани во периодот кој следува, можат да се прочитаат на официјалниот блог на компанијата.

Bookmark and Share
Назад...