Македонски Албански
Canon се “закити“ со пет признанија
13-05-2009
Компанијата Canon освои пет признанија од престижната европска асоцијација за производи од областа на фотографијата и графичкото печатење TIPA (Tehnical Image Press Association).
 






Фотоапаратот Canon EOS 5D Mark II е прогласен за “Најдобар професионален D-SLR фотоапарат за 2009 година“. Судиите го проценија како брз, дискретен и поверлив D-SLR уред кој со својот квалитет го вади најдоброто од класата на професионални фотоапарати.
Признанието за “Најдобар компактен професионален апарат во 2009 година“ го освои Canon PowerShot G10 со коментар дека е одлично направен и дека одлично лежи во раката што обезбедува сигурност при фотографирањето.

Наградата за “Најдобар професионален објектив за 2009 година“ му припадна на Canon TS-E 17mm f/4L, со препорака “професионален избор за фотографирање на пејсажи и архитектура“.

Печатачот Canon PIXMA Pro9500 Mark II, го импресионираше жирито со можностите кои ги нуди и затоа му е доделено признанието “Најдобар професионален фото печатач во 2007 година“. Помеѓу останатото и затоа што го користи системот на пигментни поединечни мастила во 10 бои, вклучувајќи мат црна и фото црна, што овозможува печатење на сјајни и на мат медиуми без потреба од менување на резервоарот со мастило.

За “Најдобра професионална HD камера во 2009 е прогласена Canon LEGRIA HF S10 која користи комбинација на Full HD сензори со 8 мегапиксели, Canon HD видео има леќи со 10х оптички зум и DGIC DV III процесор за снимање на видео материјали со извонреден квалитет.
Bookmark and Share
Назад...