Македонски Албански
Twitter ја купи Cloudhopper
26-04-2010
Популарниот микроблогинг сервис ја купи start-up компанијата Cloudhopper со искуство во работата со технологии за мобилно комуницирање.

Компанијата Cloudhopper има седиште во Сиетл, а нејзиното примарно подрачје на деловна активност е мобилната комуникација преку пораки. Објавата за купувањето на оваа компанија од страна на Twitter е очекуван потег со оглед на тоа дека тие веќе соработуваат во последните осум месеци. Оваа аквизација ќе му помогне на Twitter да го прошири своето подрачје на работење, како и да ја унапреди инфраструктурата која му овозможува да пристапи до корисниците преку мобилните оператори. Сервисот месечно обработува речиси милијарда SMS твитови. Дополнителни детали во врска со договорот, па дури и оние финансиските, не се објавени.

Bookmark and Share
Назад...