Македонски Албански
Најмногу огласи на Facebook
14-05-2010
Facebook стана водечки интернет сервис во САД според бројот на огласи кои им ги прикажува на своите корисници

Според најновите податоци кои ги објави компанијата ComScore, социјалната мрежа Facebook, во првиот квартал од годината, стана водечки сајт за огласување. Facebook, за прв пат, според бројот на прикажни огласи ги надмина сите страници во сопственост на Yahoo заедно. Вкупниот број на огласи прикажани на американските Facebook корисници порасна на 176,3 милијарди, додека на страниците на Yahoo бројот на прикажани огласи изнесува 131,5 милијарди. Во првиот квартал од минатата година Facebook беше и зад Fox Interactive Media, компанија во чија сопственост е MySpace, а која, пак, падна од 109,3 на 53,8 милијарди прикажани огласи, односно се најде на четвртата позиција на листата. Во првиот квартал оваа година, поуспешен од Fox Interactive Media беше и Microsoft, а последна на оваа листа е компанијата AOL со 32,1 милијарди прикажани огласи. Yahoo и Microsoft имаат и сопствена огласувачка мрежа преку која ги сервираат огласите и на други страници, па така, сеуште заработуваат значително повеќе од огласите на Facebook. Поради тоа, се’ поинтензивни се гласините дека популарната социјална мрежа има намера да лансира и сопствена огласувачка мрежа.

Bookmark and Share
Назад...