|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Решенија за учење од Adobe
21-01-2009
|
Од Adobe денеска ги претставија двата пакета производи за изработка и управување на eLearning проектите. Пакетите Adobe eLearning и Suite Adobe Technical Communication Suite 2, ни нудат се што е потребно да знаеме за изработка на богати програми со учење од далечина, како и олеснување со управувањето на системот и поставување на нови содржини.
|
Основната компонента на eLearning Suite е Adobe Captivate 4, (кој е достапен и како посебен производ), кој ќе ви послужи за креирање на самата содржина, сценарио, квизови и мултимедија како и нивната безболна интеграција во содржински богатата целина. Многу е корисна и апликацијата Captivate Reviewer која се базира на AIR платформата, а служи за следење и управување на коментарите како и нивното складирање и интеграција во останатите компоненти на системот. Пекетот Technical Communication Suite 2, всушност е CMS систем кој служи за управување со содржината и комплетниот eLearning систем, изработка на документацијата како и овозможување на едноставна измена и публикација на новата содржина, дури и низ повеќе канали. Во овој пакет се наоѓаат и Photoshop CS4, Acrobat 9 Pro Extended и Adobe Presenter 7. Пакетите ќе излезат во продажба кон крајот на месецот, а цените без ДДВ изнесуваат 2.592 долаи за eLearning Suite, 2.735 долари за Technical Communication Suite и 1.152 долари за Adobe Captivate 4.
|
|
Назад... |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|