|
Според резултатите на DisplaySearch, минатата година во светот се испорачани преку 600 милиони екрани чувствителни на допир. И покрај кризната година, резултатите биле за 29 проценти подобри отколку во 2008-та. Од вкупно 606 милиони екрани, 50 проценти биле резистивни, а 31 % капацитивни. Аналитичката куќа очекува дека веќе оваа година капацитивните екрани ќе го преземат приматот на пазарот. За пробивот на екраните чувствителни на допир најзаслужни се мобилните телефони, а во помала мера и PMP уредите, како и уредите за навигација. Во следните неколку години „чувствителните“ екрани се’ повеќе ќе се користат и на поголеми уреди, како на пример во „се’ во едно“ компјутерите и таблетите. |