|
Корисниците кои ќе ја преземат надградбата ќе можат да одберат одредени извадоци од книгата што ја читаат и директно да ги постават на споменатите социјални мрежи. Меѓу останатото што го донесува верзијата 2.5 на софтверот за Kindle се следниве новитети – појасен приказ на текстот, опции за зголемување на фонтот, можност за организирање на преземените книги во сопствени колекции, зумирање во PDF документ и друго. |