Македонски Албански
HP се откажа од својот таблет?
03-05-2010
Неофицијално, таблетот од HP, Slate, за кој веќе подолго време се зборува, нема да го здогледа светлото на денот, а неговиот развој е напуштен.

Според пишувањата на Tech Crunch, HP Slate, таблетот базиран на Intel Atom 1,6 GHz со 8,9-инчен екран, кој би требало да работи на Windows 7, е откажан. Иако уредот беше најавен лично од Steve Ballmer, во јануари годинава на CES, во компанијата заклучиле дека не се задоволни од перформансите на оперативниот систем на ваква хардверска конфигурација, па одлучиле да го прекинат проектот. Со тоа уште еднаш се поткрепуваат гласините кои пред месец дена беа објавени на страниците на CrunchGear, кои укажуваа на тоа дека во HP се исклучително незадоволни од вкупните перформанси на оваа комбинација на хардвер и оперативен систем. Како решение се наведува можноста HP на истата хардверска основа да стави Web OS, иако не е јасно каква предност би им донело тоа, со оглед на тоа дека апликациите за оваа платформа се речиси непостоечки, особено во однос на iPhone OS, како и на отворените Android и Chrome OS.

Bookmark and Share
Назад...