Македонски Албански
Intel во пораст
30-04-2010
Најголемиот произведувач на процесори, во минатиот квартал, доби уште еден дел од колачот, па сега контролира 81% од пазарот.

Според резултатите од IDC, Intel, во минатото тримесечие, имал добри испораки, што се одразило и на зголемување на пазарниот уддел. Во однос на првиот квартал во 2009 година, годинава во истиот период, испорачани се 39 проценти повеќе чипови. Сепак, ова претставува пад од 5,6% во однос на минатиот квартал. Приходите во однос на првиот квартал во кризната 2009 се поголеми за 40,4%, но и за 2% послаби во споредба со минатото тримесечие. Од аспект на пазарниот уддел, Intel, иако речиси незначителен, сепак, забележува пораст. Компанијата моментно држи 81 процент од пазарот, што е за 0,5 проценти повеќе отколку во минатиот квартал. AMD, од друга страна, изгуби 0,6 %, па сега држи 18,8% проценти од пазарот. На серверскиот пазар, Intel држи 90,2%, на пазарот за преносни компјутери – 87,8%, а на десктоп пазарот е присутен со 71,7%.

Bookmark and Share
Назад...