Македонски Албански
Nvidia и AMD растат
27-04-2010
Иако Intel и понатаму е водечкиот произведувач на графички решенија, компанијата загуби дел од пазарот.

Според последното истражување спроведено до страна на Jon Peddie Research, на графичкиот пазар, во првиот квартал од годината, испорачани се вкупно 104,6 милиони графички чипови. Во споредба со претходниот квартал, ова е за 14 проценти послаб резултат, но подобар за дури 44 проценти во однос на истиот период минатата година. Intel и понатаму е водечкиот произведувач на тој пазар со продадени 45,49 милиони чипови, но удделот е намален од 51,1%, од минатиот квартал, на 43,5%. Од друга страна, Nvidia и AMD забележале зголемување на своите уддели. AMD од 21,7 на 24%, а Nvdia од 26,5% на 31,5%.

Bookmark and Share
Назад...