Македонски Албански
Yahoo и Nokia ја шират соработката
26-05-2010
Двете компании ја шират соработката со цел заеднички да понудат поквалитетни мобилни интернет услуги

Низ проширеното партнерство, услугите на Yahoo за управување со електронската пошта и инстантната размена на пораки ќе бидат интегрирани во интернет платформата на Nokia – Ovi. Од друга страна, технологијата за мапи која Nokia ја стекна со преземањето на Navteq, ќе ги придвижува картографските и навигациските услуги на Yahoo. Двете компании соработуваат од 2005-та година, па некои од моделите на Nokia веќе стандардно се испорачуваат со интегриран пристап кон услугите на Yahoo. Од Yahoo велата дека новото, проширено партнерство не е ексклузивно, односно дека Yahoo ќе продолжи да соработува и со други произведувачи на мобилни телефони и ќе ги интегрира своите услуги во разни оперативни системи за паметни телефони. Од Nokia, пак, веруваат дека преку оваа соработка компанијата ќе ја зајакне својата позиција на, за нив, проблематичниот пазар на Северна Америка. Имено, иако Nokia е убедливо водечки произведувач на глобално ниво, во САД е на само петтото место.

Bookmark and Share
Назад...