Bing и Kumo беа имињата кои компанијата предходно ги одбра како кандидати, но дури последните неколку дена стана јасно дека победник е Bing. Компанијата и предходно оваа година објави дека тестира пребарувач интерно наречен Kumo, што на јапонски значи облак, но никогаш не потврдија дека тоа ќе биде официјалното име на новиот пребарувач.
Од Microsoft објавија дека Bing всушност не е машина за пребарување туку “машина за одлучување“ бидејќи на луѓето им овозможува интелигентно веб пребарување и им го поедноставува секојдневното работење, и нуди можност да на повеќе начини се организираат резултатите од пребарувањето согласно со своите потреби.
Како клучни подобрувања во однос на Live Search, Microsoft ја наведува можноста дека може да се продре подлабоко во веб и побрзо да се достават релевантни резултати а како најдобро нешто со кое се разликува од конкуренцијата е начинот на кој ги пронаоѓа и ги прикажува информациите. Додека Google става акцент на брзо вчитување и список на најрелевантни резултати од пребарувањето, Bing се посветува на организирање според категории како што се веб, мапи, слики и др. За секое пребарување Bing динамички создава категорија како одговор на прашањето и настојува да погоди што корисникот сакал да пронајде.
Bing им помага на корисниците да го најдат тоа што пребарувачот го смета за најрелевантно, така што резултатите ги истакнува на различни начини. Функцијата најдобро преклопување (Best Match) покажува што пребарувачот смета дека е најдобар резултат на даденото прашање. Другата функција која е наречена длабока врска (Deep Links) дава најдобар увид во понудените ресурси. Bing нуди и брз предходен приказ (Quick Preview), всушност е краток приказ на резултати во полето кое се појавува кога со глушецот ќе се прејде преку хиперлинковите од резултатот. Со овој приказ се добива слика со информации кои линкот ги нуди, така што корисниците можат да одлучат дали ќе кликнат. Со функцијата моментален одговор (Instant Answers), Bing дава пристап до информациите со само едно притискање на глушецот.
Целта на компанијата и е со овој пребарувач да се намали јазот кој го дели со Google, кој како што е општо познато држи лавовски дел од пребарувањето. За промоцијата на Bing, од Microsoft имаат намера да потрошат помеѓу 80 и 100 милиони долари.
|
 |
|