|
LG Electronics објави рекордни приходи во првото тримесечје оваа година, заклучно со 31 март, врз основа на IFRS (International Financial Reporting Standards) стандардите. Компанијата ја зголемила продажбата во првиот квартал од 2010 година за 3,7 проценти, а оперативниот профит расте за 2,6 проценти од година в година. Ова изразено во долари изнесува 11,9 милијарди од продажба и оперативен профит од 462 милиони американски долари. Економското закрепнување се должи на добрите резултати на компаниите Home Entertainment, Home Appliance и Business Solution, објавуваат од компанијата. |