|
Archos Vision 3 се одликува со екран чувствителен на допир со дијагонала од три инчи, 8 гигабајти простор за складирање датотеки и камера која може да снима фотографии и видео со резолуција од 640x480 пиксели. Куќиштето на Vision 3 нема да биде изработено од алуминиум, како она на Nano, туку од пластика, меѓутоа новитетот ќе биде и ценовно подостапен од плеерот на Apple. Vision 3 ќе чини помалку од 100 долари, а на пазарот би требало да се појави ова лето. |