Македонски Албански
HP со webOS базиран таблет
10-05-2010
15-тина дена по одлуката HP да го купи Palm за 1,2 милијарди долари, ни доаѓаат информации дека компанијата подготвува таблет базиран на webOS.

Вниманието на јавноста и аналитичарите е насочено кон следните чекори и политика на компанијата HP, откако таа го презеде Palm за 1,2 милијарди долари. Неодамна, беше објавено дека HP го става долгонајавуваниот Slate на чекање, а најновите информации зборуваат дека компанијата своите сили ги насочува на нова алтернатива базирана на webOS. Кодното име на сеуште непостоечкиот таблет е Hurricane. Освен тоа што ќе се напушти Windows платформата, Intel-овите ќе бидат заменети со ARM процесори. Се очекува дека таблетот би бил спремен за лансирање на пазарот ова лето. Аналитичарите веруваат дека HP своите посточеки таблет решенија едноставно ги „префрли“ на webOS, оперативниот систем од Palm, со оглед на волку краткиот развоен период.

Bookmark and Share
Назад...