Македонски Албански
Роботите ја прескокнаа емотивната бариера
26-05-2009
Роботите се во состојба да работата многу нешта што ги можат и луѓето, исклучок е што не можат да покажуваат чувства.
 

Меѓутоа, се чини дека творците на хуманоидниот робот (андроид) кој е наречен Кобиан успеаа да ја прејдат и таа препрека бидејќи Кобиан може да покаже кога е среќен, на пример така што ги подигнува рацете нагоре, објави јапонскиот весник Nikkei.

Овој пример доведе до промени во досегашното мислење дека роботите се ладни и не умеат да искажат чуства. Кобиан, е микс на заедничкото работење на универзитетот Waseda и компанијата Tmusk.
Кобиан
со своето метално тело може да изрази седум чувства, радост, лутина, тага, среќа и збунетост. Изразите на неговото лице се произведуваат со неколку мотори кои ги движат очните капаци, усните и веѓите. Рацете му се направени од меки материјали кои личат на желатин.

Поединечни движења му се однапред програмирани така што роботот може да ги дигне рацете над себе, широко да ги отвори очите и устата за да покаже дека е среќен или пак да ги покрие очите со раката за да искаже тага.

Се очекува Кобиан благодарение на новите можности да влезе во домовите и да се грижи за старите болни луѓе. Во Јапонија всушност и се развиваат хуманоидни роботи за да и се помогне токму на постарата популација.
Bookmark and Share
Назад...