|
Новите модели даваат поголем контраст, нудат можности за прикажување елементарна анимација, пофлескибилни се, поиздржливи и поголеми. Најголемите забелешки на актуелната технологија одат на сметка на релативно малиот контраст (7:1), само 16-те нијанси на сива боја и брзина на освежување од 74 стотинки, што не е доволно за каква било анимација. Новата генерација на екрани ги адресира овие проблеми, па контрастот е зголемен на 12:1, а брзината на освежување сега е на задоволувачко ниво и овозможува едноставни анимации. Екраните се и пофлескибилни и поиздржливи отколку досегашните, па во состојба се дури и „машки“ да примат удар без оштетувања. |