Македонски Албански
Процесор за фото-рамка од Samsung
17-12-2008
Од Samsung најавија скорешна испорака на својот процесор S5L2010 кој е наменет за вградување во дигитални фото-рамки.
 




S5L2010 процесорот има (секако за оваа обалст) импресионирачки перформанси, за декодирање на JPEG фотографии од 57 мегапиксели за помалку од една секунда.
Производниот процес на овој SoC (system on chip) процесор кој се темели на ARM9 е 65 нанометарски, а дозволува вградување на екран со резолуција од 1.024х768 пиксели. Подршка за стерео звук, контрола со далечинско управување, ТВ излез и SCL и MLC флеш меморија која е исто така осигурана.
Покрај тоа, процесорот на произведувачите ќе им овозможи изработка на напредни системи за контрола на екраните чувствителни на допир и можност за декодирање на MP3, WMA, OGG и AAC звучни датотеки и MPEG-1, 2 и 4, Xvid и Motion JPEG формати. Но тоа не се, на крајот новата фото-рамка дозволува можност за вградување на дигитални ТВ тунери.
Првиот уред со новиот процесор на пазарот би требало да се појави на почетокот на следната година.
Bookmark and Share
Назад...