Македонски Албански
Мал, тивок и отпорен на удари
10-11-2009
КомпанијатаStealth Computers, која е позната по производство на компјутери за корисници чија потреба за цврстина и димензии се далеку поважни од самите перформанси.
 


Stealth PC го покажа своето најново достигнување во серијат ана компјутери отпорни на удари, прав и вода кои се сместени во прилично економични куќишта. Најновиот модел изгледа како да е направен за да го прицврстите за ѕид или на некое друго место каде нема да ви одзема многу внимание.

Stealth LPC-395F Mini PC, е базиран на процесор на Intel, N270 Atom, и е опремен со два гигабајти меморија, хард диск по избор на купувачот а на куќиштето има два Ethernet влез и четири USB конектори. Пристигнува со интегриран WiFi адаптер, а се спојува на мониторот преки DVI излез. Целиот компјутер е сместен во едно цврсто куќиштесо димензии 16,6х15,7,4,8 сантиметри за што можеме да се согласиме дека е прилично минијатурно. Од предната страна на куќиштето се наоѓа влез за вадење и ставање на хард диск за полесно пренесување на податоци, нивно чување или за обична замена на дискот.

Нивото на звучност при работата е минимално или слободно може да се каже непостои бидејќи компјутерот нема ниту еден кулер. Но отпорноста од удари и тишината чини, основната цена на компјутерот е 795 американски долари без оперативен систем.
Bookmark and Share
Назад...