Македонски Албански
Супербрз Android 2.2
13-05-2010
Android 2.2, со кодно име Froyo, освен поддршка за Flash 10.1, донесува и значително подобри перформанси

Новата верзија на мобилниот оперативен систем од Google, Android 2.2, со кодно име Froyo, донесува повеќе новитети отколку што беше најавено. Официјално, до сега се објавени само промени на интерфејсот и поддршка за Flash 10.1, како и JIT компилација интегрирана во самиот кернел на оперативниот систем. Последното е заслужно и за импресивните перформанси на Android 2.2, барем судејќи според резултатите од тестовите објавени на страниците на Android Police. Тестирана е моментната, развојна верзија на Android 2.2 и актуелната 2,1 на ист хардвер – Nexus One. При тестот е користен Linpack benchmark, кој ја мери брзината на хардверот. Со актуелниот Android 2.1, Nexus One во Linpack постигнува 6,5 и 7 Mflops, а со верзијата Froyo дури 37,5 Mflops. Зголемувањето на перформансите за 450 проценти е навистина импресивно, сепак за официјални детали и сите новитети поврзани со новиот ОС треба да се почека претставувањето од Google, околу 20-ти месецов.

Bookmark and Share
Назад...